-2.3 C
Pehčevo

    Започна изградбата на Пензионерски клуб во Пехчево

    Датум:

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски пројавува перманентна грижа за сите граѓани на општината. Една од целите се и пензионерите. Токму затоа пензионерите и нивните потреби се најдоа во приоритетите на локалната самоуправа.

    Општина Пехчево започна со реконструкција на старата пожарна зграда во центарот на Пехчево за потребите на пензионерите, односно за реконструкција на дел од просториите од првиот кат за изградба на пензионерски клуб.

    На стариот и руиниран објект ќе се изврши комплетна адаптација и реконструкција, по што ќе се добијат  100 м2 корисна површина за намена на пензионерски клуб. Ќе се обнови фасадата на објектот и ќе се постават нови врати и прозори. Исто така, целиот под ќе биде обновен.

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски најави дека изградбата ќе биде завршена за неколку месеци.

    – Се реконструираат просториите од првиот кат и пензионерите ќе имаат свое катче. Денеска започнаа градежните работи за реконструкција и адаптација на овој простор како Центар за пензионерите или Клуб на пензионери од Пехчево. Инвестицијата е на Здружението на Пензионери од Пехчево и општина Пехчево. Очекувам овој простор да биде ставен во функција за неколку месеци, рече Поповски.

    Општина Пехчево започна со реконструкција на старата пожарна зграда во центарот на Пехчево за потребите на пензионерите, односно за реконструкција на дел од просториите од првиот кат за изградба на пензионерски клуб.

    Во овој нов простор пензионерите од Пехчево ќе остваруваат средби, состаноци, но и ќе се релаксираат играјќи табла, карти, шах и друго.

    Инаку, другиот дел од зградата ќе биде реконструиран и наменет за потребите на локалната самоуправа како Сала за состаноци, дел од просториите ќе бидат пренаменети за Музеј и една просторија ќе биде наменета за сувенирница.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...