12.6 C
Pehčevo

    Започна изградбата на мал-плоштад во село Умлена

    Датум:

    Со расчистување на теренот, денес започна изградбата на мал плоштад во село Умлена-Пехчево.

    umlena-mal-ploshtad

    Со цел да се осовремени инфраструктурата што ќе придонесе и за збогатување на социјалниот живот во центарот на селото, на местото на несредениот простор и оштетен асфалт, ќе никне нов мини-плоштад со соодветно осветлување и клупи за одмор и рекреација.

    Станува збора за градежен зафат и интервенции преку кои оваа до неодамна несредено место во центарот на селото, ќе прерасне во репрезентативно место на жителите на ова село, каде ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време, како и да го користат овој простор за граѓански собири од било каков вид, во интерес на сите.

    Со средства од Бирото за регионален развој во пехчевското село Умлена ќе се уредува плоштадот во селото со цел да се осовремени инфраструктурата што ќе придонесе и за збогатување на социјалниот живот во центарот на селото.

    Општина Пехчево за да ја подобри состојбата на централниот дел во селото аплицираше и доби финансиски средства од Бирото за регионален развој на Република Македонија преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2016 година, за финансирање проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Средствата се во вредност од 1.165.666,00 денари, а финансиското учество на општината е од 269.686,6 денари.

    Селото Умлена има 390 жители и е село во кое жителите претежно се занимаваат со земјоделска дејност, а мал дел патуваат во градот Пехчево за работа во разни компании од приватниот сектор.

    Изведувач на градежните работи кои треба да завршат најдоцна за две недели е фирмата СД Транс од с.Звегор.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...