12.6 C
Pehčevo

    Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески во посета на Пехчево

    Датум:

    Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески, вчера беше во работна посета на општина Пехчево, кој оствари средба со градоначалникот на општината Драган Тренчовски, со цел информирање за идните планови и проекти на Министерството за локална самоуправа, како и следење на активностите кои ги презема општината во однос на прекуграничната соработка со Р.Бугарија.

    Заменик министер

    Градоначалникот Тренчовски го информираше заменикот министер дека општина Пехчево  посебен акцент ќе стави на проектите кои ќе ги аплицира до Бирото за рамномерен регионален развој, но и дека општината е фокусирана и кон искористување на средствата од ИПА програмата за прекугранична соработка со Бугарија и дека во изминатиов период општина Пехчево со средствата од Европската Унија во завршна фаза е реализацијата на  проектот „ Платформа за прекуграничен фестивалски туризам на полето на традициите и културата – Фолклор“, а со нов проект се планира да се обезбедат средства за реконструкција на речното корито на реката Писа во Пехчево.

    Заменик министерот Павлески безрезервно ја понуди својата поддршка и помош за развојот на општина Пехчево, преку реализација на проекти во надлежост на Министерството, како и проектите од прекуграничните програми и повиците за соработка, и изрази задоволство од програмата за развој на општината која што е насочена кон реализација на проекти за равој на туризмот.

    Инаку, општина Пехчево во моментов разработува неколку идеи за аплицирање на тековните повици и повиците кои треба да излезат за краток временски период, со што се отворени нови можности за прилив на средства за реализација на повеќе проекти во општината.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...