-2 C
Pehčevo

    Во село Црник во тек е изградбата на улицата бр.4 која води до муслиманските гробишта

    Датум:

    Деновиве започна изградбата на улицата бр.4 во село Црник, Општина Пехчево, која води кон муслиманските гробишта. Станува збор за извршување на земјени работи и вградување на бекатон плочки со вкупната должина на улицата од 370 метри, и со широчина на коловоз од 3,5 метри.

    Градоначалникот Александар Китански, при посетата на градежните работи на улицата, истакнува дека со изградбата ќе се реши големиот и горчлив проблем на жителите на село Црник.„Должината на оваа улица изнесува 370м, која опфаќа и изградба на потпорни ѕидови. Постоечката улица е со земјан коловоз и при дождови е тешко проодна. Со изградбата ќе решиме еден огромен проблем пред се на оние граѓани кои се нејзини најдиректни корисници, но и на сите жители на село Црник, изјави градоначалникот на општина Пехчево, Александар Китански, кој беше на терен и присуствуваше на стартот на градежните активности на оваа улица.

    Вкупниот буџет за изградба на улицата Бр.4 изнесува 2 546 503 денари од кои 296 000 денари се за изградба на потпорни ѕидови, додека средствата се обезбедени од Биро за регионален развој, а изведувач на градежните работи е фирмата „СД-Транс„ ДООЕЛ Славе извоз-увоз с.Звегор, Делчево.

    Согласно Договорот улицата треба да биде изградена до крајот на оваа година.

    Инаку, Градоначалникот Китански, додава дека започната е изградбата на ул.2 и ул.3 во село Црник, а најавува дека после изградбата на овие улици, следува реконструкција и рехабилитација на улиците во градот и другите населени места.

    Со реализација на сите планирани градежни активности за реконструкција на улици и патишта, значително ќе се подобри патната инфраструктура на целата територија на општина Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...