1.7 C
Pehčevo

    Во Пехчево зголемено учество на граѓаните во донесувањето на одлуки

    Датум:

    Во Пехчево се одржа завршниот настан од проектот „Заедно за развој на општината“ што здружението „Амброзија“ го реализираше во партнерство со општина Пехчево.

    развој на општината

    -Учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки е процес што е од суштинско значење за локалната демократија. Овој процес овозможува транспарентност во работењето на локалната самоуправа, но воедно и овозможува поголема одговорност на локалните власти при донесувањето одлуки. Сметаме дека на тој начин е овозможена таа двонасочна комуникација во споделување на информации за локалните политики и локалната власт така што граѓаните се обраќаат до локалната власт со прашањата што ги засегаат, а локалната власт ги информира граѓаните за спроведувањето на локалните политики, истакна Јасминка Пашалиска – Андоновска од „Амброзија“ претставувајќи ги резултатите од проектот.

    Во рамки на проектот во изминатиот период беа реализирани три форумски сесии на кои како што информираше градоначалникот на општина Пехчево Драган Тренчовски граѓаните како најприроритетен проект го одбрале проектот за модернизација на филтер станицата со приклучување на таложник.

    -Сметам дека тоа е важен проект што мора да го реализираме во текот на оваа година и затоа влезе во програмата за реализација согласно буџетот за 2019 година. Се надевам дека и во иднина ќе имаме такви проекти во кои граѓаните ќе можат да го кажат својот збор, истакна Тренчовски.

    Проектот „Заедно за развој на општината“ е имплементиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија” спроведен од Алда, Скопје, Европско движење Македонија и Здружение на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...