12.6 C
Pehčevo

    Во Пехчево се одржа 14-та Регионална Пензионерска музичка ревија

    Датум:

    Пензионери
    Фолклорот и традицијата ги обедини пензионерите од источна Македонија на 14-та Пенизонерска музичка ревија во Пехчево. На сцената при домот на културата во Пехчево настапија околу 150 учесници, фолклорни групи и музички состави од пензионерските здруженија од Пехчево, Берово, Делчево, Виница, Македонска Каменица и Кочани.
    Пензионери1
    Претседателот на Здружението на пензионери од Пехчево, Борис Зарински, истакна дека тие се горди што, како што рече, нивната мала општина и  Здружение е домаќин на еден ваков настан.
    – Ова е во рамките на нашата годишна програма на нашето Здружение и сметаме дека овој настан има двострано значење. Како прво, ние како пензионери од третата доба од нашиот живот, малку да се разонодиме, а второ да шириме познанства и да се запознаваме со малите места како што е нашата општина, рече Зарински.
    Пензионери3
    На сцената се презентираше  богатство од носии, интерпретирани беа стари и заборавени македонски изворни песни со што пензионерите  на старата традиција и дадоа нов живот.
    За градоначалникот Игор Поповски, овој настан ја збогатува културната понуда во Пехчево и придонесува за негова промоција.
    Пензионери2
    -Има една изрека која вели дека кај возрасните е мудроста, а кај младите енергијата, но јас би додал дека денешнава средба е доказ дека има уште енергија кај пенизонерите и многу ми е драго што оваа средба се одржува во Пехчево, бидејќи со ова се дава пример на помладите дека треба да има дружење почитување меѓусебно и дека треба да се оддалечиме малку од современите техники и да се вратиме на нашата традиција и култура, рече Поповски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...