-2.5 C
Pehčevo

    Во Пехчево промовирани делата на поетесата Светлана Босилкова Далевска

    Датум:

    Во просториите на Општинската библиотека „Кочо Рацин“ – Пехчево, беа промовирани поетската книга „Мисловна вртелешка“ и романот „Лавица на жица“ од Светлана Босилкова Далевска.

    Промоција Светлана

    Директорката на библиотеката Габриела Костадинова истакнува дека збирката поезија „Мисловна вртелешка“ е втора книга на Далевска во која има застапено 45 песни, првото дело беше романот ,,Лавица на жица,, издадено минатата година.

    -Самиот наслов на книгата „Мисловна вртелешка“ упатува на рефлексивна поезија, но и на еден стар вид поезија ,,будници,, нешто што денес ни е неопходно во ова време на живеење.  Поезијата во оваа книга произлегува од сите пет сетила и во неа сите тие се вклопени. Зад ,,Мисловна вртелешка,, стои автор со големо животно искуство  кое е стекнато по аптеките на животот. Не за џабе оваа книга го носи насловот ,,вртелешка“, бидејќи се во животот врти во извесен круг, независно од каде сме почнале и што сме направиле, се навраќаме на темите од детството. Додека романот „Лавица на жица“ кој слободно можам да кажам дека е роман за љубовта, страдањата, надежта, истакна Костадинова.

    Промоција Светлана2

    Извадоци од делата на авторката читаше професорката Светлана Ќулумова, додека со музичка точка се претставија проф.м-р Драган Колевски следен на гитара од Андреј Каракашов.

    Свој збор имаше и авторката Далевска која истакна дека се решила за поезија, оти тоа е специфична форма, за која подготовки и планови нема. Се раѓа од момент, од мисла, од миг, се лови од секвенци од животот. Мојот почеток со поезијата беше настан кој силно ме потресе, моите сетила да седнам и да напишам.

    Промоција Светлана1

    Инаку, авторката Светлана Босилкова Далевска,  живее во Регенсбург  Германија, а дел од својот живот го минува во родниот Велес. Организатор на промоцијата беше Градската библиотека ,,Кочо Рацин,, а со промоцијата се одбележа претстојниот празник 8 март, Меѓународниот ден на жената.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...