1.4 C
Pehčevo

    Во општина Пехчево успешно се имплементира проектот Општинска стратегија за климатски промени

    Датум:

    Филтер станица1

    Во рамките на проектот на УСАИД – Општински стратегии за  климатски промени, проект кој го спроведува здружението за одржлив развој Милиеуконтакт – Македонија, а чии локални партнети се Здружението – Центар за лековити билки и шумски плодови “Амброзија” од Пехчево и општина Пехчево вчера – 11.02.2014 година во Пехчево беа одржани низа на активности.

    Филтер станица2

    Најпрвин и официјално беше пуштена во употреба докомплетираната филтер станица која што мерка произлезе како Итна акција од граѓаните на општина Пехчево со што се реши проблемот со загадената и нечиста вода за пиење во Пехчево и четирите селски населби – Робово, Умлена, Чифлик и Негрево. Беше инсталиран нов филтер за прочистување на водата, а исто така беше одстранет и заменет со нов слој полнењето за филтрирање на водата и набавена нова лабораториска опрема (Ph метар) за испитување на водата. Докомплетираната филтер станица беше пуштена од страна на Директорот на Милиеуконтакт Македонија – Игор Славкоски, Градоначалникот на општина Пехчево – Игор Поповски и Претседателот на Здружението “Амброзија” – Јасминка Пашалиска – Андоновска.

    Филтер станица

    Следна активност беше Вториот јавен собир на засегнати страни, каде што од страна на локалниот координатор на овој проект за општина Пехчево Ирена Кракутовска на присутните им беше презентирана нацрт верзијата на Општинската стратегија за климатски промени – документ кој откако ќе биде одобрен од граѓаните на општина Пехчево ќе се даде на усвојување од Советот на општина Пехчево. Инаку во оваа стратегија како приоритети кои се однесуваат на адаптација и митигација на климатските промени се дефинирани дури 78 мерки од кои што до 2020 година се очекува дел да бидат реализирани и да покажат видливи резултати.

    Филтер станица3

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...