12.6 C
Pehčevo

    „Успешни жени во минатото и денес“ во Општина Пехчево

    Датум:

    Манифестацијата „Успешни жени во минатото и денес“ во Општина Пехчево се одржа синоќа во Домот на културата „Јане Сандански“ – Пехчево.

    Успешна жена2

    Целта на овој проект е да се промовираат вистинските вредности и позитивни примери во повеќе области, ова синоќа го соопшти професорката Елица Николовска координатор на проектот „Успешни жени во минатото и денес“ во Општина Пехчево. Таа истакна и дека сите 11 кандидатки се успешните жени од најразлични области и дејности и се избрани според утврдени критериуми.

    спешна жена3

    На манифестација свое обраќање како почесен гостин имаше и градоначалникот на општина Пехчево Драган Тренчовски кој даде поддршка во овој проект.

    -Оваа манифестација потврдува дека жената освен шармот и убавината ја красат остриот ум, интелигенцијата, интуитивноста. Со процесот на глобализација се повеќе се надминуваат пречките и жените во целиот свет стануваат се поуспешни и поуспешни во образованието, науката, културата, здравството, бизнис секторот, граѓанскиот сектор, се поуспешни за водење на бизнисот. Жените се повеќе основаат компании, управуваат со нив, отвораат нови работни места. Ви порачувам да бидете свесни за своите способности, да бидате храбри да се вклучите во донесувањето на важни одлуки во креирањето на политиката во општината и да работите врз градење на својата личност. Како градоначалник го подржувам овој проект и секој следен што ќе произлезе општината ќе даде логистичка подршка, истакна градоначалникот Тренчовски.

    Успешна жена1

    Тој изрази и благодарност до Проф. Јелица Николовска-носител на проекната идеја со цел да се промовира квалитетот на граѓанското ниво на нашата општина и да се даде јавност на успешните жени во различни области.

    На манифестацијата секоја од жените кандидатки се престави на свој начин во времетраење од 10 минути.

    Успешни жени

    Кандидатки за успешни жени во минатото и денес се:Јулија Веселинска-образование, Марија Гугушевска- образование, Невена Таковска- образование, Оливера Кратевска-образование, Магдалена Поповска-образование, Габриела Костадинова-култура, Нада Симовска-здравство, Драгица Апостолова-здравство, Елица Николовска – наука, Фроска Каракутовска- бизнис сектор и Јасминка Пашалиска Андоновска- граѓански сектор.

    На крајот градоначалникот на сите кандидатки им додели дипломи за успешни жени.

    Успешна жена4

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...