18.1 C
Pehčevo

    УСАИД му помага на Пехчево да заштеди и да ги ублажи климатските промени

    Датум:

    Директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн денес беше во посета на општина Пехчево. Во рамките на неговата работна посета на нашата Општина имаше работна средба со Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски.

    Директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стан денес беше во посета на општина Пехчево.

    На средбата која се одржа во кабинетот на градоначалникот Поповски, на своите гости Поповски на кратко им ја опиша структурата и демографските карактеристики на нашата општина, проектите кои се во тек на реализација како и планираните активности што треба да ги реализира локалната самоуправа како и искажа голема благодарност до УСАИД за заеднички реализираните проекти.

    Целта на средбата на која присуствуваше денес Директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн беше завршувањето на проектот ,, Енергетска ефикасност во општина Пехчево “ која опфаќа енергетско-ефикасни реновирања и надградби во општинската зграда, општинското основно училиште Ванчо Китанов, детската градинка 7 Септември, спортската сала Јане Сандански и Домот на културата Јане Сандански. Преку подобрување на термоизолацијата и инсталирање на системи за парно греење како и преку користење енергетски-ефикасни сијалици на уличните светилки, заедницата ги намали трошоците и емисиите на стакленички гас. Активностите беа извршени како дел од Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени.

    Директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стан денес беше во посета на општина Пехчево.

    Пред да започне прославата и сечењето на лентата градоначалникот Поповски ги поздрави присутните гости.

    -Дозволете ми да изразам голема благодарност до УСАИД кои го финансираа овој проект и помогнаа истиот да се реализира и да не остане само на лист хартија, како и Благодарност за сите други донации кои ги имаат дадено за општина Пехчево, со што општината има реализирано многу проекти.
    Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам и на Милиеуконтакт Македонија како имплементатори на овие проекти, со кои имавме прекрасна соработка со надеж дека истата ќе продолжи и понатаму, како и Благодарност до Центарот за лековити билки и шумски плодови,,Амброзија,, кои помогнаа во имплементацијата на овие проекти на локално ниво, истакна Поповски.

    Директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн истакна дека со менаџмент и финансии од УСАИД, сите заедно работевме на проценката на состојбата во Пехчево. Сите граѓани заедно со владините лидери – ги одредивте заедничките потреби и дојдовте до план за да и помогнете на вашата општина да стане поиздржлива кон почести екстремни температури и непредвидливи временски услови.

    Директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стан денес беше во посета на општина Пехчево.

    Истот така и координаторот на Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд, Златко Самарџиев и директорот на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, Игор Славковски, дадоа кратки изјави пред заедно да ја пресечат свечената лента пред Домот на културата.

    Директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стан денес беше во посета на општина Пехчево.

    Инаку преку Проектот за општински стратегии за климатски промени УСАИД има придонесено со повеќе од 120.000 долари и тоа докомплетирање на филтер станицата односно адаптација на истата од последиците на климатските промени што вклучува и опремување на лабораторија и монтирање на регулаторни вентили како прва итна мерка, додека како пилот проект од Стратегијата за климатски промени произлезе и Проектот за Енергетска ефикасност со вредност на проектот околу 100.000 долари.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...