Во период од 19 до 22 октомври, во општините кои што се дел од Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, ќе се одржи втората по ред кампања за подигање на јавната свест и подршка во борбата против климатските промени под мотото „Климата се менува, од нас зависи“.
Кампањата, насочена кон целокупната локална јавност, ќе биде спроведена преку серија од еднодневни настани во десетте општини каде што се спроведува проектот: Студеничани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово и Ростуше и Теарце.
Во Општина Пехчево кампањата ќе се спроведе на 19 Септември ( Понеделник ) со почеток во 11:00 часот со времетраење до 13:00 часот на градскиот пазар во Пехчево.
На настанот посетителите ќе имаат можност преку едукативни матерјали, брошури и дискусии одблизу да се запознаат со климатските промени, нивните негативни ефекти врз животната средина, како и начинот за нивно ублажување и адаптација кон нив преку промени во секојдневните навики на секој поединец. Пораката од целата оваа акција би била: „Предизивиците од климатските промени се најголема закана за нашата планета и иднината на новите генерации. Тие го засегаат секој пединец и затоа секој од нас треба да биде дел од решението“.
Карактеристично за секој настан ќе биде зелениот камион – уникатната еколошка училница на тркала, која како и минатата така и оваа година ќе биде отворена за сите посетители кои ќе сакаат да се информираат за теми поврзани со климатските промени, глобалното затоплување, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, како и да се запознаат со методот на изработка на стратегии за климатски промени на својата општина во рамките на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени.