-2 C
Pehčevo

    Уникатен барски еко-систем ,,Езерце“ ќе добие Пехчево

    Датум:

    Кон крајот на овој месец се очекува да заврши уредувањето на пехчевското Езерце, како уникатен барски еко-систем, проект кој Пехчево го работи со поддршка на Програмата за зачувување на природата во Република Македонија.

    Кон крајот на овој месец се очекува да заврши уредувањето на пехчевското Езерце, како уникатен барски еко-систем, проект кој Пехчево го работи со поддршка на Програмата за зачувување на природата во Република Македонија.

    Целта на проектот „Уредување барски еко – систем „Езерце“,  е да се сочува уникатноста на природната бара во која има жив и специфичен свет, но и како атракција да се понуди како содржина на граѓаните од општина Пехчево и на туристите кои ја посетуваат општината, за да уживаат во природните убавини што ги нуди овој крај.

    – Во лoкалитетот, каде што се реализираат проектните активности, има природна бара во која има жив и специфичен свет, а и самиот простор околу барата е исполнет со природни убавини и го ставаме во прилог на едукација и рекреација на граѓаните, Со активностите од втората фаза од реализацијата на проектот, барскиот екосистем „Езерце“ е уреден со едукативни табли на кои има едукативни содржини за барскиот биодиверзитет, поставени се корпи за отпадоци, клупи за одмор и рекреација на граѓаните кои ќе го посетуваат овој локалитет, површината околу барата и во барата е хортикултурно уредена со растенија карактеристични за барскиот еко систем, поставена е платформа за набљудување на барата која може да служи и како отворена училница за едукација на целната група ученици и туристи, и целиот локалитет е осветлен со  9 канделабри,  рече Јовевска.

    Кон крајот на овој месец се очекува да заврши уредувањето на пехчевското Езерце, како уникатен барски еко-систем, проект кој Пехчево го работи со поддршка на Програмата за зачувување на природата во Република Македонија.

    Вкупната вредост на проектот изнесува 1.150.240 денари од кои 700.000 денари се финансирани од страна на Програмата за зачувување на природата во Република Македонија и финансиски средства издвоени од буџетот на општина Пехчево.

    Овој проект претставува втора фаза или продолжување на проектните активности кои беа поддржани од страна на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој во Република Македонија. Додека во првата фаза од реализација на овој проект која финансиски беше поддржана од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија, беше направено оградување на просторот, беа поставени летниковци за одмор и детски играчки за релаксација на најмладата популација – децата.

    Проектот е во завршна фаза, а се очекува да биде промовиран наредниот месец.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...