4.3 C
Pehčevo

    Улиците „Бел Камен“ и „7ми Септември“ во Пехчево ќе добијат нов лик

    Датум:

    Договор улици Пехчево - ЦрникСогласно годишната програма за изградба на локални патишта и улици во општина Пехчево, градоначалникот Драган Тренчовски соопшти дека ќе се градат две нови улици во Пехчево, за што денеска се потпишани договорите со фирмата „СД Транс“ – Делчево, која ќе ги изведува градежните работи на истите.

    -Станува збор за улици во должина од околу 200 метри и широчина од 3 метри и тоа улицата „Бел Камен“ во Пехчево и улицата „7ми Септември“ во Пехчево. Градежните работи опфаќаат коловозна конструкција од тампонски слој, ситен песок и завршна обработка со бехатон плочки. Средствата за изградба се во вредност од околу 1.200 000 денари и се обезбедени од сопствен буџет на општината, рече градоначалникот Тренчовски.

    Со реализација на овие проекти се очекува општина Пехчево значително да ја подобри патната инфраструктура во градот, а со тоа жителите ќе имаат подобри услови за секојдневните потреби и обврски.

    Улици Пехчево

    Инаку, според договорот што општината го има склучено со изведувачот на работите, градежните работи треба да започнат наредната недела, а комплетирањето на двете улици треба да заврши за 60тина дена.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...