-2.3 C
Pehčevo

    Улица во должина од 300 метри ќе се гради во пехчевското село Црник

    Датум:

    Улица во должина од 300 метри ќе се гради во пехчевското село Црник преку Декадата на Ромите. Министерот без ресор Неждет Мустафа кој денеска престојуваше во ова пехчевско село, истакна дека е задоволен што за кратко време и со поддршка од Општина Пехчево се завршија подготвителните работи за изградба на улицата која повеќе децении им создаваше проблеми на жителите.

    – По 20-30 години, улицата која е оставена генерациски на милост и немилост, каде со години се газело кал, а во зима и на вода, конечно ќе ја изградиме. Со огромниот интерес на градоначалникот на Пехчево, ние дадовме приоритет на оваа улица и се решивме веднаш да се зафатиме со нејзина изградба и верувам на задоволство на сите мештани, рече Мустафа.

    Улица во должина од 300 метри ќе се гради во пехчевското село Црник преку Декадата на Ромите. Министерот без ресор Неждет Мустафа кој денеска престојуваше во ова пехчевско село, истакна дека е задоволен што за кратко време и со поддршка од Општина Пехчево се завршија подготвителните работи за изградба на улицата која повеќе децении им создаваше проблеми на жителите.

    Градоначалникот Игор Поповски изрази задоволство што она што се ветило пред жителите на ова село пред неколку месеци, сега станува реалност.

    -Вредноста на оваа улица е 1.4 милиони денари, дел од средствата се обезбедени преку Декадата на Ромите , а дел од Општина Пехчево. Во моментов се прават подготвителни работи на терен, бехатонот е донесен и очекуваме до крајот на месецот да биде готова. Улицата е во должина од 300 метри и е значајна улица за поголем дел од жителите на селото, доста фреквентна, а жителите ја бараа многу години и, еве , конечно, најдовме решение со министерот, рече Поповски.

    Министерот Мустафа во Црник ја посети и детската градинка, каде се изведува предшколска настава преку Програмата на Владата  за инклузија на децата Роми во предшколското образование. Градинката ја посетуваат и ромските деца од Црник, во моментов нивната бројка е 12 деца од ромска и турска националност.

    -Декадата и стратегијата за Ромите е присутна и  тука во Црник. Интересот наш и понатаму ќе биде  истиот, секаде каде ќе има Роми ќе работиме за подобрување на нивниот стандрад и заинтересирани сме со програмата да ги покриваме сите деца Роми од 3-6 години. Дојдов овде за да видам како се спроведува оваа програма. Ова е покривање на социјалната ранлива состојба кај Ромите, тие се приматели на социјална помош и не се во состојба да ги оставаат своите деца во градинки и од таа причина, ние им обезбедуваме беспалтен дневен престој на сите ромски деца во државата. Оваа шанса значи голема привилегија за децата ромчиња бидејќи го учат македонскиот јазик, но и ромскиот и влегуваат во обарзовниот систем подготвени, рече Мустафа.

    Пехчевското село Црник е мултиетничко, каде живеат три националности, ромска, турска и македонска. Овој факт за Владата и за општината е адут повеќе за да се инвестира во повеќе сфери со цел да се подобри квалитетот на животот, истакна градоначалникот Поповски.

    – Ова е втора улица која се гради во Црник по подолго време, првата во должина од 1 км и се изгради преку средствата за рурален развој и чинеше околу 4 милиони денари. Исто така, ние ќе работиме и на дореконструкација на селскиот дом. Дел од средствата ќе се обезбедат од  Декадата на Ромите, а првиот дел од реконструкцијата што опфати менување на кровот и дел од столаријата, ја финансираше Општина Пехчево и НВО КХАМ од Делчево, рече Поповски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...