Баскерфест, уличниот театар под отворено небо и оваа година ќе ни донесе атрактивни баскер изведувачи од целиот свет. На 12 јули 2016г Пехчево ќе биде домаќин на најмасовниот фестивал во Македонија, а воедно и единствениот уличен фестивал од ваков тип – БАСКЕРФЕСТ.
Новиот предизвик доаѓа со дел од најатрактивните светски „street“ уметници подготвени да не забавуваат и воодушеват со фантастичните настапи. Баскер е подготвен за нови уживања во спектакуларната комбинација на бројни магионичари, акробати, музичари и извонредни таленти.
Атракциите од учесниците на овој фестивал пехчевци ќе можат да ги проследат на градскиот плоштад со почеток од 19:30 часот.
Ова е трета година како овој атрактивен стрит-арт фестивал се одржува во Пехчево. Оваа година пехчевци ќе можат да уживаат во жонглирањето со оган, во магионичарските трикови, да ги гледаат познатите брејкденсери и уште многу други уметници од целиот свет кои забавата ќе ја преселат во Пехчево.
–Пехчевци и гостите ќе имаат можност да уживаат во позитивните вибрации на „Баскерфест“, преточени преку музика во живо на познати музички бендови, пантомима перформанси, глума на улични театри, улични танчери и други креативни активности, што овој фестивал го прават вистински сплет на културни, уметнички и забавни содржини. Ги повикам граѓаните на Пехчево и гостите да се подготват за несекојдневно и незаборавно аудио и визуелно уметничко шоу, кое ќе ги воодушеви сите, истакна Живко Каликов од општина Пехчево.
Пред вас е големиот настан за целото семејство, кој ги поврзува луѓето од сите возрасти, па без разлика на сѐ, бидете сигурни дека не смеете да го пропуштите најспектакуларниот фестивал ,, Баскерфест “.
Инаку, овој караван е пред најава на овогодинешното шесто издание на Фестивалот на дувачки оркестри кој започнува на 13 јули.
Погледнете дел од артистите кои ќе ги забавуваат посетителите во Пехчево:
Ome dual – Les Foutoukours работи на оригинална и креативна сценска изведба од 1997 година.Учењето на движењето, состојбите, прецизност на телото и внатрешната активност, е јадрото на концептот на сите креации од самиот почеток. Без разлика дали вниманието е на глумењето, акробатика, или танц коерографија, овој емотивно базиран процес го подобрува квалитетот на изведбата на секој уметник.
Big Lady – Танчер и циркуски уметник, формиран во класичен и современ танц од страна на Кралската академија за танц (1993-2006), и формиран во „Професионален курс за современ циркуски уметник“ во циркус училиштето во Торино, Италија.
Diogo – Diogo Alvares е бразилски мастер манипулатор, кој ја нарекува Европа свој дом. Неговата изведба е тивка, со музичка позадина. Тој ја придобива публиката едноставно со неговата вештина да манипулира со карти, топки за билијард, цигари, и многу други штосни предмети. Живеејќи во Европа, тој имал можност да работи во кабареа, циркус и приватни настапи … се додека не ја нашол среќата работејќи на фестивалите за улични изведувачи.
Master & Margarita – Повеќе од 10 години, нашиот уметнички тим се занимава со концептот на градење, промоција, заштита и создавање на културни трендови, улични перформанси и уметности.
Circolya La Follia – Femme fatale и номадска жена која е секогаш во движење, во секоја смисла и во сите ветришта (мистрал, пладне, на север), на земја и во воздух. На милост на време кое никогаш не сопрело, притисната или заробена во делириум од неговите соништа. Соништа кои се будат и заспиваат во ненадејните страстни спомени и жалење за неуспехот во животот. Неговото чекорење во пресрет на летовите на лудите мечти и виски, додека не стигнете до бес на трагикомични гафови, се во една целосна надреалност. Декадентно патување во безмилосна романса.