0.7 C
Pehčevo

    Учениците од четврто одделение во посета на локалната самоуправа

    Датум:

    Учениците од четврто одделение од основното општинско училиште „Ванчо Китанов“ – Пехчево, денеска беа во посета на локалната самоуправа. Посетата е во рамките на наставата „Запознај ја Локалната самоуправа“.

    Посета четврто одделенци

    Домаќин на децата беше градоначалникот Драган Тренчовски кој со гостите се средтна во кабинетот каде ги запозна со работата на општината, надлежностите и начинот на функционирање.

    Потоа учениците поставуваа прашања поврзани со методската единица. Најмногу се интересираа за поставеноста на општината, начинот на работа на градоначалникот и советот на општината, а нивните прашања се однесуваа и на училиштето, нивната безбедност во сообраќајот, за тоа каково школо е потребно за да се стане градоначалник колку години е избран. Некои ученици прашуваа и за комуналните проблеми од нивните улици, а дел од учениците побаара да се изградат и детски паркови.

    Градоначалникот им одговори на сите поставени прашања и им упати порака на најмладите: Да се развиваат во позитивни личности и секогаш да бидат ведри, насмеани и послушни дечиња и што повеќе да го минуваат слободното време во дружење и спортување.

    Посета четврто одделенци1

    Исто така четвртоодделенци прошетаа и во другите канцеларии и се информираа за работата на останатите служби во општината.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...