-2.6 C
Pehčevo

    Светиот крст во реката Писа во Пехчево во рацете на Крамарски

    Датум:

    Водици 2016

    Дваесет и девет годишниот Влатко Крамарски од Пехчево беше најбрзиот и најсреќниот кој успеа да го фати Светиот крст во осветените води во реката Писа. Жителите на Општина Пехчево и оваа година масовно го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици.

    Водици 2016

    Традиционално осветување на водата на пехчевска Писа се одржа во присуство на голем број верници од Пехчево, но сепак, најсреќен е 29-годишниот Влатко Крамарски од Пехчево, кој по прв пат го извади светиот крст од водите на ладната река Писа.

    На традиционалното осветување на водата на реката Писа во Пехчево и оваа година учествуваа 15-тина млади пехчевци кои скокнаа во водата обидувајќи се да го фатат светиот крст во водите на реката Писа.

    Водици 2016

    Крамарски го доби LCD – телевизорот што го доделува општина Пехчево, а градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, лично му го честиташе успехот, но и празникот на сите граѓани на Пехчево, од свое лично име и од името на општинската администрација, посакувајќи им љубов, почитување и успешна година на сите полиња.

    Среќниот Крамарски на сите православни христијани им го честиташе христијанскиот празник Богојавление и посака многу среќа, радост и здравје.

    Водици 2016

    На големата церемонија претходеше и водосвет во црквата ,, Св. Петар и Павле ’’ каде голем број верници беа присутни на Свечената Богојавленска литургија. Отец Горан и отец Љупчо му посака успех, среќа и благодет на најсреќниот на овогодинешните Водици, Влатко, како и на сите граѓани на Пехчево. Во нивната порака се повика на љубов, меѓусебна толеранција и почитување, во име на Светиот дух на Господ Бог кој според православното христијанство на овој светол ден му се јави на човештвото, за прочистување на неговото тело и дух, во водите на Јордан.

    За многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, општина Пехчево и годинава обезбеди топли пијалоци за сите присутни.

    Инаку, Богојавление – Водици е христијански празник кој се слави уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...