Во првата етапа од Манифестацијата Летен културен бран односно на 09.07.2014 година во 20:00 часот во општина Пехчево ќе гостува театарската претстава Стенд – Ап Кабаре 2 Mothers brothers (комедија) играна од Никола Тодоровски и Стрезо Стаматовски, актери во Охрдскиот народен театар. Нивниот авторски проект „2 Mothers brothers” е исполнет со динамични авторски песни, стенд ап, преработки и комичен сценски материјал. Театарската претстава во Пехчево ќе се изведе во салата при домот на културата ,, Јане Сандански “.
Театарската представа е комбинација од музика, стенд – ап, од класичен скеч комедии и театарски моменти.