0.3 C
Pehčevo

    Состанок на општинскиот кризен штаб во Пехчево. Донесени се нови мерки на ниво на општината

    Датум:

    Во самоизолација во Пехчево има едно лице, додека вкупно 11 лица се во самоизолација во Берово. Ова го истакна епидемиологот Сузана Каракашева на одржаниот состанок на Кризниот штаб во Пехчево, која апелираше на почитување на мерките и препораките во насока на заштита од КОВИД-19.

    На состанокот присуствуваа сите директори во општината,  командирот на ПС од ОН Берово, Бранко Мазгански и командирот на граничната полиција Ѓорѓи Читински, а истиот го отвори градоначалникот Драган Тренчовски кој посочи дека благодарение на 24 часовната взаемна координација со епидемиологот Каракашева и Здравствениот дом, соработката е на највисоко можно ниво

    Своето излагање имаше и командирот Мазгански кој информираше дека не е заблежано присуство на туристи на излетничките места во пехчевско, освен три, четири семејства со место на живеење во туристичките населби. Во однос на прекршувањето на полицискиот час, додаде дека досега на подрачјето на општина Берово, поднесени се 8 кривични пријави, додека во Пехчево нема такви случаи.Тој истакна и дека ќе се заложи да се постават два пункта за контрола за влез и излез на возила на територија на општина Пехчево.

    На состанокот беше утврдено дека ситуацијата не е алармантна и се донесе следните заклучоци:

    -Забрана за издавање на викендиците во туристичките населби;

    – Волонтерите од UNDP кои треба да се обучат во рамки на проектот што го спроведува Општината (кои имаат добиено соодветна опрема за актуелната ситуација) да се вклучат во мобилните тимови за достава на храна;

    -Лицата кои вршат откуп на старо железо при контрола од полициските службеници да се замолат да се воздржат од движење на територијата на Општина Берово и Пехчево за врема на вонредната состојба;

    -Луѓето кои негуваат стари лица да се обратат во општина Пехчево за да им биде издаде дозвола;

    -Ќе се направи опис и попис низ туристичките населби, да се земат лични податоци од луѓето кои престојуваат таму, за да може да се направи структура за нивно снабдување со храна престојниот викенд;

    -На сите граѓани кои имаат потреба од медикаменти (дијабетичари, луѓе болни од срцеви заболувања итн..) и совети од лекари ќе им излеземе во пресрет да го добијат соодветниот третман, а да не ги напуштаат своите домови;

    -Ќе определиме економски оператори кои ќе вршат достава нарачана онлајн или по телефон на храна во Пехчево и селата;

    -Определени се насоки на економските оператори со производствени капаците да го прилагодат работното време согласно со забраните на движење;

    -Да се донесат конкретни насоки на кој начин, од каде и на кого ќе се издаваат дозволи за движење надвор од предвидената рамка конкретно за земјоделците кои мора тековно да ги обавуваат своите активности надвор од катастерската парцела каде живеат;

    -Ќе излеземе на терен да се контролираат економските оператори дали ги почитуваат препораките и мерките изречени од Владата;

    -Мерките мора да ги почитуваме. Само така ќе биде целосно ефикасна борбата против вирусот  КОВИД 19.

    Во својот говор командирот Читински истакна дека соработката помеѓу локалното население и граничната полиција е одлична.

    Раководителот на МЗШВ, Елеонора Димотрова ги посочи проблемите околу дозволите на земјоделците за движење, додека директорот на ЈКП ,,Комуналец” Борче Поповски, кажа дека околу интервенциите на пречистителната станица се информирани и полицијата и МИОА.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...