12.6 C
Pehčevo

    Соопштение за јавноста: Превентивната систематска дезинсекција за уништување на комарците

    Датум:

    logo

    Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, препораките на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство на РМ, за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Пехчево како општа противепидемијска мерка за заштита на населението од појава на заразни болести кои се пренесуваат преку вектори, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола го издава следното соопштение:

    Ве известуваме дека на ден 13.08.2013 година. ( вторник ), екипи на Центарот за јавно здравје Битола ќе спроведува ПРЕВЕНТИВНА ТЕРИСТИЧКА ( од земја ) ДЕЗИНСЕКЦИЈА со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21.00 до 23.00 часот, со апаратура за УЛБ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратура за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло.

    Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки и водотоци, застојни води и подрачја околу канални системи на територијата на Општина Пехчево, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

    Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

    Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции, локалната самоуправа и други институции.

    Во случај на појава на неповолни временски услови ( ветар, дожд ) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

    За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Битола 047/208-100 или 047/208-101.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...