-2.3 C
Pehčevo

    Соопштение за јавноста – Пoчитувајте го времениот режим на сообраќај на улиците во изградба во село Црник

    Датум:

    Почитувани граѓани,

    Ве известуваме дека во периодот од  15.11.2021 година до  15.02.2022 година ќе се изведуваат градежни работи во с.Црник, општина Пехчево за реализација на проектот ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛНИ УЛИЦИ ВО с.ЦРНИК, ОПШТИНА ПЕХЧЕВО (Крак 1 од Ул. “2” и Ул. “3”).

    Работите ќе ги изведува фирмата СД-ТРАНС ДООЕЛ с.Звегор, Делчево, а инвеститор е општина Пехчево. Овој проект се реализира со грант средства од Меѓународната банка за обнова и развој, Светска банка, и со буџетски средства на општина Пехчево преку Проектната единица на Министерство за финансии и МСИП проектот со цел подобрување на квалитетот на животот на локалното население.

    Ве известуваме дека во погоре наведениот период ќе се извршуваат градежни работи за изградба на Крак 1 од Ул. “2” и Ул. “3” во с.Црник.Градежните работи подразбираат:

    • Подготовка на теренот,
    • Изработка на постелка со планирање и валирање до потребна збиеност,
    • Изработка на тампонски слој со планирање и валирање до потребна збиеност,
    • Поставување на бетонски рабници и изработка на коловоз од бехатон,

    односно интензивно користење на градежна механизација, транспортни средства и сл.

    Заради непречено и безбедно одвивање на градежните работи, имајќи ги во предвид постоечките услови на терен, се препорачува користење на други локални улици во селото воколку е возможно.

    Се молат жителите на с.Црник кои живеат на предметните локални улици или гравитираат кон нив да создадат услови за непречено изведување на работите.

    Молиме за разбирање и соодветно прилагодување од страна на жителите на с.Црник за потребите на брзо и навремено спроведување на предвидените градежните работи.

    За дополнителни информации/прашања во врска со спроведувањето на проектот за изградба на Крак 1 од Ул. 2 и Ул.3 во с.Црник, Ве молиме да се обратите кај Љупчо Каракашовски; Проектен Менаџер за проектите од МСИП (Тел: 033 441 321, лок. 14), од Одделението за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР при општина Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...