4.6 C
Pehčevo

    Соопштение – Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

    Датум:

    logo    

         Во рамки на глобалните напори за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на сообраќајните незгоди со фатални последици, Организацијата на Обединетите нации, го прогласи 17 ноември 2013 година, како светски ден за одбележување и сеќавање на жртвите во сообраќајните незгоди.

           Следејќи ги светските и европските искуства, улогата на општините во унапредувањето на безбедноста на сообраќајот е многу значајна.

          Поради тоа, општина Пехчево во соработка со: Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование, Дирекцијата за заштита и спасување, Итната медицинска помош, Црвен Крст, иницира одбележување на светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди во општината.

        На 17.11.2013 година во општина Пехчево се предвидени главните активности за одбележување на Светскиот ден на жртвите во сообраќајот на патиштата, а кои треба да влијаат врз јавноста во општината и да предизвикаат намалување на жртвите во сообраќајот на патиштата.

           Општина Пехчево ве поканува да присуствувате заеднички да го одбележиме Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди.

            Настанот ќе се одржи во центарот на Пехчево

       За подетални информации за настанот обратете се на телефонскиот број: 033/441-321 или 071/246-566. Лице за контакт Живко Каликов.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...