2.5 C
Pehčevo

    Соопштение – Посета на месните заедници Црник и Панчарево

    Датум:

    Грб општина

    Градоначалникот на Општина Пехчево, Игор Поповски, на ден 21.05.2013 година ( Вторник ), ќе ги посети месните заедници Црник и Панчарево.

    Целта на средбата ќе биде жителите од овие месни заедници, да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во овие населби, со средства предвидени за 2013 – 2014 година, но и да ги слушне градоначалникот приоритетите и проблемите на жителите, се со цел подобрување на животниот стандард, развој на економијата и создавање на поволна бизнис клима, решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство.

    Ваквите средби даваат особен придонес во непосредната комуникација на граѓаните со локалната самоуправа, а на тој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на правите проекти.

     

    АГЕНДА

     

    17 часот – Посета на месната заедница Црник

    18:45 часот – Посета на месната заедница Панчарево – Десни дол

    19:30 часот – Посета на месната заедница Панчарево – Селото кај школата

    20:30 часот – Посета на месната заедница Панчарево – Сува река

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...