Центарот за лековити билки и шумски плодови ,, Амброзија ‘‘, заедно со општина Пехчево, преку проектот на УСАИД ,, Општински стратегии за климатски промени ‘‘, за граѓаните на општина Пехчево организира академија – обуки од областа на менаџмент, фасилитирање, стратешко планирање, градење на тимови, преговарање, комуникација и други теми, кои беа избрани како потребни и приоритетни.
Почетокот на обуките е утре, 12.09.2013 година во 17 часот, во салата за состаноци на општина Пехчево. Обуките ќе ги одржи експерт за обуки – тренер од Милиеуконтакт Македонија, Љупчо Георгиев.
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да дојдат и да научат нешто повеќе околу овие теми, станува збор за работи кои во денешно време секој треба да ги знае.