Општина Пехчево утринава ќе изврши земјино прскање против комарци.
Се известуваат жителите на подрачјето на општина Пехчево, дека на ден 22.07.2013 година (понеделник), на туристичката населба Равна река, во периодот од 5 до 9 часот, ќе се изврши земјено запрашување против комарци, а прскањето ќе се изврши со соодветно возило.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Општина Пехчево оваа година самостојно го врши прскањето против комарци, за разлика од минатата година кога општините од Брегалничкиот регион заеднички ја спроведоа акцијата.
Во зависност од временските услови и јавена потреба од такво нешто и во наредниот период ќе следуваат дополнителни третирања со прскање против комарци.