4.3 C
Pehčevo

    Соопштение – Акција на заловување на кучињата скитници и нерегистрирани кучиња

    Датум:

    Грб општина

    За контрола на популацијата на кучињата скитници во рамките на своите надлежности општина Пехчево ќе спроведе акција на заловување на кучињата скитници и нерегистрирани кучиња. Заловувањето на кучињата скитници ќе се врши од квалификувани лица на начин кој нема да предизвика непотребна болка или страдање и привремено ќе бидат сместени во соодветни објекти – прифатилишта. За таа цел општина Пехчево има склучено договор со ДОО Ветеринарна станица ,, Здравје ‘‘ – Делчево и заловувањето на кучињата скитници ќе започне од 1 Октомври 2013 година.

    Трошоците кои настануваат со примената на законските одредби од спроведувањето на оваа акција, паѓаат на товар на сопствениците на кучињата. Имено, кучето кое ќе биде заловено а има сопственик и истиот сака да го врати кучето назад, должен е да плати 2.500 денари на сметка на ветеринарната станица ,, Здравје ‘‘ -Делчево.

    Во случај на кучињата скитници, трошокот паѓа на товар на општина Пехчево.

    За успешна реализација на оваа акција потребна е соработката со граѓаните на општината, односно граѓаните се должни своите кучиња да ги чуваат врзани во своите дворни места, за да не дојде до заловување од надлежната служба, ангажирана од општина Пехчево.

    Кучето може да се изведе надвор од дворното место само со кошница на устата и врзано со каиш.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...