Четиричлена делегација од општина Пехчево, беше во тридневна посета на Гуча.
Целта на оваа посета беше, продлабочување на соработката помеѓу градот Пехчево и Гуча и заедничка прославување на манифестацијата ,, 53 Драгичеви средби Meѓународен натпревар на дувачки оркестри ’’, која секоја година се одржува во ова убаво место.
Делгацијата од Пехчево оствари средба со директорот на Фестивалот во Гуча г-дин Адам Тадич.
На работната средба се разговараше на повеќе теми и заедно се дискутираше за можната меѓусебна соработка на многу полиња како што е културата и развој на економијата, соработка и поддршка на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево, туризмот, но и иницијативата за збратимување на Пехчево и Гуча.
На наше големо задоволство г-динот Адам Тадич, изрази огромно задоволство за посетата и што Пехчево дава огромна поддршка на Гуча и дека двете општини имаат добра основа за соработка во сите полиња за во иднина.
,, Искуствата постојат на двете страни, а искрено мислам дека нашата конкретна соработка веќе започна со нашите фестивали, а соработката ќе се продлабочи и во другите области за кои веќе разменивме неколку искуства. Се надевам дека Градот Пехчево, во Гуча ќе препознае содржаен и соодветен соработник. Културата има еден универзален светски јазик и токму таа е најлесниот и најбрз чекор за зацврстување на соработката ’’, – рече директорот Адам Тадич.
На фестивалот ,, 53 Драгичеви средби во Гуча,,, Пехчево се претстави со двата дувачки прво и второ нанаградени оркестри од Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013, Уска-Кан од Берово и Левис од Виница.
Во конкуренција на 11 дувачки оркестри од повеќе држави, оркестарот Уска-Кан го постигна врвниот резултат, а младиот талентиран виртуоз на трубата Демир Кантуровски користејќи разни изведби, е вистинскиот магионичар на труба и сите уживаа во најмагичната изведба на Демир оваа година, која се издвојуваше над сите други, но и она што е најважно,успеа да го зароби вниманието на жирито и сите други од почетокот до крајот и го освои грант-прито на меѓународниот Фестивал во Гуча, најдобар меѓународен трубач во Гуча за 2013 година и златна труба.
,, Многу ми значи наградата најдобар трубач. Задоволството за мене е признавањето и респектот од другите натпреварувачи, а сите тие се добри и искусни музичари, кои знаат да владеат со трубата, а да бидеш најдобар меѓу најдобрите е повеќе од сатисфакција. Им благодарам на организаторите на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево, што ни го остварија сонот да учествуваме на Меѓународниот фестивал во Гуча ’’, истакна најдобриот трубач Демир Кантуровски.
,, Покрај тоа што оваа мајсторска изведба на Демир беше особена, сепак, мора да кажеме дека изборот на сите 11 оркестри беше одличен, и другите десет оркестри беа многу возбудливи, интересни и квалитетни, кои донесоа многубројни исклучителни изведувачи ’’, рече Васил Ристов, редовен професор на факултетот на музичка уметност од Скопје, еден од членовите на жирито во Гуча.
Градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски им ги честиташе освоените награди на музичарите посакувајќи им успех и во иднина.
,, Најпрвин сакам да се заблагодарам на одличниот прием на нашата делегација од страна на директорот на Фестивалот во Гуча, г-динот Адам Тадич, се надевам дека во скоро време ќе ја оствариме нашата прва средба и се надевам на заедничка долгогодишна соработка во сите полиња. Ме радува фактот што Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево, добива на тежина и афирмација и полека но сигурно стануваме препознатливи. Ова е одлична форма, начин и можност учесниците да се мотивираат повеќе и да учествуваат на нашиот фестивал во Пехчево. Почитувани победници, Вие сте навистина нешто што ветува дека Македонија нема да згасне во оваа сфера на музиката. Ви честитам за освоената награда најдобар трубач во светот на меѓународниот натпревар на Фестивалот во Гуча и ви посакувам многу успех и многу награди во иднина ’’ – истакна градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.