4.6 C
Pehčevo

    Покана за шеста форумска сесија

    Датум:

    forumi

    Општина Пехчево има чест и задоволство да Ве покани на шестата последователна форумската сесија  која што ќе се одржи на 06.03.2014г. (четврток) во 14 часот во ресторанТропикПехчево.

    Општина Пехчево, во периодот од месец јуни до месец ноември, го реализира проектот ,, Форуми во заедницата ‘‘, кој има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

    Проектот е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка ( SDC ) и со сопствено учество на локалната самоуправа, а имплементирачка организација е ,, Алка ‘‘ од Скопје.

    Форумскиот процес е отворен за сите граѓани, кои сами одлучија за изборот на темата, проектните идеи и проектот ,, Изградба на плоштад и уредување на околниот простор ’’ во Пехчево, кој во рамки на програмата е во завршна фаза на реализација.

    На оваа шеста последователна форумска сесија ќе биде презентиран реализираниот форумски процес, ќе биде извршена презентација на резултатите од форумскиот процес од  претходните пет сесии, а од страна на општината ќе биде презентиран реализираниот проект „ Изградба на плоштад и уредување на околниот простор“  како и активностите околу реализација на препораките дадени од страна на граѓаните- учесници на Форумот во заедницата.

    Форумот на заедницата претставува алка – форма на вклучување на граѓаните од страна на локалната самоуправа во донесувањето одлуки кои се важни за нивниот живот и за самата заедница. Преку Форумот, граѓаните заедно со локалните власти ја донесуваат одлуката.

    Агенда за шеста форумска сесија може да ја видите тука klik

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...