-2 C
Pehčevo

    Се одржа тркалезна маса на тема ,, Светски ден за одбележување и сеќавање на жртвите во сообраќајните незгоди ’’

    Датум:

    Зграда на општина Пехчево

    Денес во салата за состаноци во општина Пехчево се одржа тркалезна маси на тема: Светски ден за одбележување и сеќавање на жртвите во сообраќајните незгоди.

    Целта на средбата беше да се дефинираат активностите за одбележување на Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи кој ќе се одржи на 17 ноември 2013 година (недела).

    Беа поканети службените лица кои се директно одговорни за имплементација на овие активности, претставници од Министерството за внатрешни работи, претставници од Здравен дом – Пехчево, претставник од Црвен Крст и претставник од ООУ ,, Ванчо Китанов ’’ – Пехчево, како и претставници на медиумите од регионот.

    Општ заклучок е дека имавме една навистина успешна, отворена со дискусии тркалезна маса на која успеавме да ги дефинираме активностите за одбележување на Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи, како и да ги слушнеме искуствата од досегашното одбележување на овој ден од страна на службените лица, истакна Живко Каликов претставник од локалната самоуправа.

    Како што и беше договорено на самата тркалезна маса, заклучокот кој произлезе од истата е следниот:

    На 17.11.2013 година (недела), општина Пехчево ќе ги организира главните активности за одбележување на Светскиот ден на жртвите во сообраќајот на патиштата се соцел да се зголеми безбедноста на сообраќајот на патиштата и да се намали бројот на жртви. Низ градот ќе се вршат сообраќајни контроли, а предвидени се и други превентивни активности. Во соработка со Црвен Kрст, ќе биде организирана и крводарителска акција и акција за мерење на шеќер во крв и мерење на крвен притисок во која ќе може да се вклучат сите граѓани на општината, семафор и изложба на цртежи за безбедност во сообраќајот од страна на учениците при ООУ ,,Ванчо Китанов’’, Провизорна сообраќајка ( симулација ) во организација на МВР, Црвен Крст и Здравен дом Пехчево.

    Општина Пехчево ги поканува сите граѓани да присуствуваат на овој настан и заеднички да го одбележиме ,, Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди ’’.

    АГЕНДА

    Светски ден за одбележување и сеќавање на

    жртвите во сообраќајните незгоди

    17.11.2013 година (недела)

    – 09:30 – 14 ч.  – Крводарителска акција (Дом на Култура ,, Јане Сандански ’’)

    – 10 – 12 ч.  – Штанд и сообраќајна контрола од страна на полициските службеници (делење на едукативен и информативен материјал од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата)

    – 10:30 – 11:30 ч.  – Мерење на шеќер во крв и крвен притисок (Дом на Култура)

    – 12 – 12:30 ч.  – Провизорна сообраќајка (СИМУЛАЦИЈА)

    – 12:30 – 13 ч.  – Семафор во организација со ООУ ,, Ванчо Китанов ’’

    Сите активности ќе се одржат во центарот на Пехчево.

     

     

     

     

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...