4.6 C
Pehčevo

    Регионалниот координатор на југоисточниот регион од Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби од Скопје во посета на Пехчево

    Датум:

    Градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, денес оствари средба со регионалниот координатор на југоисточниот регион Весна Илова Ташева од Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби од Скопје.

    Регионалниот координатор на југоисточниот регион од Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби од Скопје во посета на Пехчево

    На средбата Ташева го запозна градоначалниот за улогата на Регионалниот центар, услугите кои ги нуди и за ресурсите со кои располага истиот.Ташева истакна дека преку центарот на едно место родителите од целата држава кои имаат деца со посебни потреби можат да ги добијат сите неопходни информации  и дека мисијаа на ресурсниот центар на родители е да им служи на сите деца со посебни потреби и нивните семејства преку обезбедување на поддршка, помош, пристап до информации, обезбедување и остварување на нивните права и овластувања во сите сегменти на животот.

    Тие разговараа и за градење на стратегија за понатамошна соработка и за заедничко изнаоѓање на решенија со кои може да им се помогне на оваа категорија на лица/деца и нивните семејства.

    Градоначалниот Тренчовски изрази задоволство и истакна дека општина Пехчево е отворена за соработка и подготвена за поддршка и помош на Регионалниот центар на родители на деца со посебни потреби од Скопје.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...