Р Е Ш Е Н И Е
за поништување на Објава број 1/2025
СЕ ПОНИШТУВА Објавата бр. 1/2025, и се запира поведената постапка за Давање под
Долготраен закуп на 30 години, на градежно неизградено земјиште во сопственост на
Република Северна Македонија со електронското јавно наддавање, дефинирано со:
Урбанистичкиот план за подрачја и градби од државно значење, за група на класа на
намена Е – инфраструктура, Е-1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани (над 10MW) во КО Негрево и КО Црник, Општина Пехчево, изработен од Друштво за планирање,проектирање и инженеринг ТАЈФА ПЛАН ДОО Скопје, со техн. бр. 008/01/23 од ноември2023 година, бр. 30/2025 донесен од страна на Министерство за транспорт со Одлука од Влада со бр. 41-2388/3 од 13.02.2024 година, за изградба на објекти од јавен интерес со намена Е – инфраструктура, Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани, поради забелешките дадени во Известувањето за постапување, со арх. бр. 27-7368/2 од 18.12.2025 год, од страна на Министерството за транспорт и врски, за кои сметаат дека се погрешно применети материјалните одредби од член 51 став (1) од Законот за градежно земјиште („Службен весник на РМ“ бр. 15/15, 98/15, 193/15, 226/15, 31/16, 142/16 и 190/16 и „Службен весник на РСМ” бр. 275/19, 224/24, 233/24 и 87/25), како забелешки во однос на пресметаната почетна цена, висината на чекорот во самата Објава, како и минималната висина на банкарската гаранција, кои не се во согласност со законот.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Преку информацискиот систем поставен на страната www.gradezno-zemjiste.mk,
Општина Пехчево, на ден 22.12.2025 година требаше да спорведе електронско јавно
наддвање, односно електронска акуција за пет градежни працели и тоа за ГП 1, ГП 3, ГП 4, ГП 5 и ГП 6 во КО Црник и КО Негрево, предвидено со Урбанистичкиот план за подрачја и градби од државно значење, за група на класа на намена Е – инфраструктура, Е-1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани (над 10 MW) во КО Негрево и КО Црник, Општина Пехчево, изработен од Друштво за планирање, проектирање и инженеринг ТАЈФА ПЛАН ДОО Скопје, со техн. бр. 008/01/23 од ноември 2023година, бр. 30/2025 донесен од страна на Министерство за транспорт со Одлука од Влада со бр. 41-2388/3 од 13.02.2024 година, за изградба на објекти од јавен интерес со намена Е – инфраструктура, Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани.
На ден 18.12.2025 година во Општина Пехчево, пристигна Известувањето за
постапување од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Северна
Македонија, издаден со арх. бр. 27-7368/2 од 18.12.2025 год, во кое се наведува дека по разгледување на Објавата број 1/2025, за Давање под Долготраен закуп на 30 години, на градежно неизградено земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, со електронското јавно наддавање, се погрешно применети материјалните одредби од член 51 став (1) од Законот за градежно земјиште во однос на пресметаната почетна цена, висината на чекорот во самата Објава, како и минималната висина на банкарската гаранција, како и други недостатоци во поглед на роковите за спроведување на електронското јавно наддавање предвидени со законот.
Бидејки крајниот рок за поднесување на пријави е заклучно со 19.12.2025 год,
Општина Пехчево не е во можност да изврши Исправка на погоренаведената Објава за
Давање под Долготраен закуп на 30 години, на градежно неизградено земјиште во
сопственост на Република Северна Македонија, со електронското јавно наддавање, бидејќи рокот за Исправка на објавата е истечен, каде што согласно Законот за градежно земјиште, каде во член 56 се наведува дека Исправка на обајвата врши Комисијата најдоцна 3 дена пред истекот на последниот ден за поднесување на пријавата за учество на јавното наддвање наваеден во објавата и истата се објавува во печатните весници во кои е објавена и објавата, а Исправката Комисијата е должна да ја објави во истите дневни печатни весници во кои е објавена објавата, на најмалку половина страна од дневниот печатен весник како и во Службен весник на РСМ, а Доколку од денот на исправката до истек на рокот за поднесување на пријави се останати помалку од 15 дена, рокот за поднесување на пријавата за учество на јавното наддавање наведен во објавата се продолжува и ќе истече на петнаесеттиот ден од денот на објавување на исправката.
Поради сето погоренаведено а врз основа на член 64 став 2 од Законот за градежно
земјиште и добиеното Известување за постапување од Министартвото за транспорт и врски, Општина Пехчево ја поништува Објавата број 1/2025, и ја запира постапката која се води за Давање под Долготраен закуп на 30 години, на градежно неизградено земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, со електронското јавно наддавање, и Врз основа на изнесеното, се одлучи како во диспозитивот.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение, дозволена е жалба во рок од 15 дена од денот
на доставување, до второстепена комисија од областа на урбанизмот при Министерство за
транспорт на РСМ.
Општина Пехчево
Градоначалник
с.р. Александар Китански
ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТ ->
