18.1 C
Pehčevo

    Промовирана книгата ,, Од дното до врвот ’’ од Станка Василевска

    Датум:

    Промоција книга

    Во Домот на културата ,, Јане Сандански ’’, општинската установа – матична библиотека ,, Кочо Рацин ’’ – Пехчево одржа промоција на книгата ,, Од дното до врвот ’’ на учителката Станка Василевска. Со оваа промоција библиотеката ја започна својата активност за 2014 година.

    Промоција книга

    Пред присутните во салата најпрвин се обрати В.Д директорката која на сите им порача да уживаат во она што ќе следува, гледајќи напред и забележувајќи го она најдоброто.

    ,, Во овој дождлив јануарски ден, додека звездите на небото го играат својот волшебен танц, уживајте во она што ќе следи, гледајќи напред и забележувајќи го она најубавото ‘‘-рече В.Д директорката Габриела Костадинова, пред присутните во кино салата во Пехчево. Станка Василевска не напиша само роман. Во нејзината книга се содржани и голем број раскази кој на овој или оној начин допираат до вас, додава Костадинова.

    Професорката по македонски јазик Љупка Стојменова даде едно свое видување во врска со настанувањето на оваа книга,а професорката по македонски јазик сега веќе во пензија г-ѓа Грозданка Мешинковска кажа неколку реченици за самиот автор, додека професорката по биологија Валентина Станоевска ја претстави својата колешка онака како што ја доживеала сите тие години додека соработувале.

    Соработниците на Василевска, Даринка Јовановска, Емилија Димевска и Лепа Василевска прочитаа дел од расказите од книгата.

    Габриела Костадинова се претстави во улога на промотор, која воедно беше и единствениот рецензент на романот ,, Од дното до врвот ‘‘. Таа ја заврши промоцијата со зборовите упатени до самиот автор велејќи и:

    Вие Станка Василевска не си го трошевте времето обидувајќи се да станете успешна. Се трудевте да создадете вредност, зошто знаевте дека ако вредите ќе го привлечете успехот. Го најдовте вашиот талент и вашата дарба и работевте на нив. И кога станавте доволно вредни успехот ве пронајде.

    Промоција книга

    Крајот сепак и припадна на самиот автор Станка Василевска која се заблагодари на сите присутни во салата, посебно на градоначалникот на општина Пехчево. Се заблагодари на издавачот Центар за култура ,, Бели мугри ’’ – Кочани, на лекторот Вангелија Цавкова на печатницата ,, Медија Принт Плус ’’ од Штип, а посебна благодарност упати на В.Д директорката на библиотеката ,, Кочо Рацин ’’ Габриела Костадинова за која рече дека е единствената личност која овозможи да се случи оваа промоција и да биде таква каква што беше.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...