-2.3 C
Pehčevo

    Промоција на резултатите од проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“ спроведен од Милиеуконтакт Македонија

    Датум:

    Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“ спроведен од Милиеуконтакт Македонија

    На ден 25.11.2015 година, со почеток во 11:00 часот во кафе бар „Square“ во Пехчево се одржа завршен настан за промоција на резултатите од проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“. Проектот е спроведен од Милиеуконтакт Македонија во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП), проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка кој е координиран од Helvetas Swiss Intercooperation и Фармахем. Вкупната вредност на проектот е 496.700 МКД. Главна цел на овој проект е обезбедување на услови за одржливо управување со природните ресурси и зачувување на биоразновидноста и георазновидноста во општина Пехчево.

    Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“ спроведен од Милиеуконтакт Македонија

    На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Пехчево, г-дин Игор Поповски, претставници на локалната самоуправа, извршниот директор на Милиеуконтакт Македонија, како и претставници од Програмата за зачувување на природата во Македонија.

    Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“ спроведен од Милиеуконтакт Македонија

    Веднаш по завршувањето на настанот, беше организирана посета на велосипедската патека „Убавините на Пехчево на велосипед“, низ која присутните беа придружени од тимот на локални водичи во природа за општина Пехчево, кои како и патеката се само дел од резултатите од проектот.

    Настанот беше проследен од локални и регионални медиуми.

    БЕЛЕШКА ЗА ПРОЕКТОТ:

    Во рамки на проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“, кој се спроведуваше во периодот меѓу јануари и ноември 2015 година, идентификувани се три точки во природата (туристички локалитети) на кои се фокусираа активностите од проектот, а тоа се „Вртена скала“, „Делибови кашчи“ и „Јудови ливади“ со инсектојадното ендемско растение Drosera rotundifolia. Преку активностите кои се спроведоа во овој проект се обезбеди подигање на свеста кај локалното население, како и кај посетителите, за нивната вредност, значењето и зачувувањето на биоразновидноста и георазновидноста, се обезбеди можност за поголемо користење на велосипеди со што ќе се намали користењето на моторни возила и ќе се елиминира загадувањето на воздухот, се обезбеди поврзување и пристап до овие локации исполнети со биоразновидност и георазновидност, се мапираа и промовираа сите природни вредности и се обезбеди план за одржливо управување со локациите.

    Со огромно задоволство Ве известуваме дека велосипедската патека „Убавините на Пехчево на велосипед“ која што е направена во рамки на проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“,проект кој е дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија, а чиј имплементатор е Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија, е подготвена да Ве пречека и почести со своите убавини.

    Во рамки на проектот се подготви и обележа велосипедската патека „Убавините на Пехчево на велосипед” со вкупна должина од 10km, која го поврзува градот Пехчево со трите туристички локалитети „Вртена скала“, „Делибови кашчи“ и „Јудови ливади“. Истата е маркирана, поставени се информативни табли, патокази, канти за отпад долж истата, а изготвена е и мапа за олеснато движење на посетителите. Исто така, во рамки на овој проект се формираше тим на локално лиценцирани водичи за во природа, кои беа изгласани како официјални локални водичи од страна на Советот на Општина Пехчево.

    Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“ спроведен од Милиеуконтакт Македонија

    Долгорочното влијание од овој проект се очекува во делот на одржливо користење и управување на локациите исполнети со биоразновидност и георазновидност во Општина Пехчево, како и нивна промоција преку еко-туризам. Паралелно, се очекува позитивна промена на навиките на локалното население за користење на велосипеди, наспроти моторни возила во секојдневното функционирање. Оваа проектна идеја може да послужи за пример и негова репликација на други локации пошироко во Брегалничкиот регион.

    Исто така, со цел редовна промоција на велосипедската патека, био и георазновидноста во Општина Пехчево, за организирање настани, како реализација на еко-туристички понуди, а со цел обезбедување одржливост на проектот, креирани се Facebook страна (https://www.facebook.com/Велосипедска-Патека-Убавините-на-Пехчево-на-велосипед-908236335935375/ ) и Веб страна (http://www.pehcevobiking.mk/ ) со сите потребни информации за заинтересираните посетители.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...