-0.7 C
Pehčevo

    Проект за реинтеграција на иселениците од М.Каменица, Пехчево и Делчево

    Датум:

    Вчера во мотел „Мерак“ с.Луковица – Македонска Каменица, претставници од општина Пехчево и од невладината организација „Амброзија“ присуствуваа на презентацијата на проектот „Јас сакам да се вратам“.

    За плата од 500 до 700 евра месечно би се вратиле иселениците во Македонија, бидејќи и главната причина зошто тие ја напуштиле државата се ниските плати.

    За плата од 500 до 700 евра месечно би се вратиле иселениците во Македонија, бидејќи и главната причина зошто тие ја напуштиле државата се ниските плати. Ова го покажа научното истражување во рамките на проектот „Јас сакам да се вратам“ што го реализираа невладините „Надеж“ од М. Каменица, „Амброзија“ од Пехчево и „КХАМ“ од Делчево со поддршка на Цивика мобилитас.

    Влатко Ситновски, од НВО „Надеж“ и координатор на проектот истакна дека целта на овој проект во кој биле вклучени и 20-ина истражувачи од регионот на М Каменица, Делчево и Пехчево, е да се направи едно релевантно научно истражување со цел да се добијат податоци за мерките кои треба да ги преземат општините со цел да се овозможи реинтеграција на иселениците.

    -Главна причина за иселувањето се ниските плати и неможноста да најде соодветна работа. Исто така, иселениците истакнаа дека не се доволно запознати со мерките за вработување на АВРМ, а и тие се недостапни за нив за аплицирање, како и мерките од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, но и мерките и стратегиите што ги имаат одделенијата за ЛЕР при општините. Сепак, податоците од истражувањето покажаа дека има оптимизам кај  испитаниците кои мсилат дека Македонија се движи кон добар пат, истакна Ситновски.

    Тој додаде дека во препораките е посебно потенцирана изработката на стратегии за  унапредување на животот на младите, од општините, државните институции и бизнис-секторот е потребно конкретно крирање нови работни места, развој на малите и средни преторијатија, креирање фондови за „старт ап“ бизниси, подобрување на условите за работа и достојни месечни приходи.

    Истражувањето се спроведе во трите општини Делчево, Пехчево и М Каменица, каде иселувањето е заеднички именител, но, сликата и потребите на луѓето се разликуваат од една до друга општина, потенцираше Зоран Биковски од НВО „Кхам“

    -Ситацијата е најкомплицирана во Делчево, бидејќи овде нема некој поголем економски капацитет и нема отворање нови индустриски капацитети.Ние како коалиција ги дадовме нашите предлози до работната група на АВРМ овде да се субвенционира отворањето на работните места со плус 30% . Потенцираме уште еднаш за младите , бидејќи токму оваа 2018 година ќе биде активирана младинската гаранција и одвоени ќе бидат дополнителни средства од државата, која доколку биде добро изменаџирана со тимовите на ЛЕР на општините, ќе се создадат услови младите да не размислуваат за заминување од државата туку за подобрување на квалитетот на животот овде, рече Биковски.

    Препораките од проектот кои беа денеска презентирани на прес-конференција во М Каменица, ќе бидат доставени до сите институции.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...