-2.3 C
Pehčevo

    Продолжува соработката помеѓу месните заедници и општина Пехчево

    Датум:

    На вчерашната средба градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски, директорот на јавното претпријатие Комуналец, Ванчо Секуловски како и претставници од локалната самоуправа остварија средба со месните заедници во село Панчарево и село Црник.

    На вчерашната средба градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски, директорот на јавното претпријатие Комуналец, Ванчо Секуловски како и претставници од локалната самоуправа остварија средба со месните заедници во село Панчарево и село Црник.

    Градоначалникот Поповски како и жителите од месните заедници искажаа задоволство од досегасната соработка.

    Целта на посетата беше градоначалникот и неговите соработници да ги запознаат жителите од овие селски населби со проектите кои аплицирани и се добиени за идната година преку Агенцијата за финансиска подршка на Р.М и Светска банка, како и жителите да укажат за некои недостатоци во нивната работа и да дадат предлози за нивно надминување и да се детектираат нивните приорите на кои локалната самоуправа догодина треба да обрне повеќе внимание.

    На вчерашната средба градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски, директорот на јавното претпријатие Комуналец, Ванчо Секуловски како и претставници од локалната самоуправа остварија средба со месните заедници во село Панчарево и село Црник.

    -Овие средби се одлична можност за претставници од месните заедници да дадат оцена за работата на општината и на јавните претпријатија да ни укажат за некои недостатоци во нивната работа и да дадат предлози за нивно надминување. Ја поздравувам оваа активност, потенцирајќи дека системот на месните заедници во Пехчево  е ефикасен и одлично функционира на терен.

    За изградба на резервоари, за изградба на улици, мостови и многу други проекти потпишавме договор со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој на РМ за реализација на проекти кои се од огромно значење за сите селски населби.Наредниве години на територијата на општина Пехчево ќе бидат реализирани голем број проекти со кои ќе се подобри животот на жителите на оваа општина. Ние веќе имаме проекти за дел проблемите за овие села кои ги детектиравме како приоритети и се надевам дека догодина овие проекти ќе бидат реализирани.

    Изразувам задоволство за досегашна соработка. Овие средби се одлична можност за оценување на ефикасноста на работата на јавните претпријатија на терен, како и соработката и координацијата помеѓу локалната самоуправа и месните заедници, истакна градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски.

    <![endif]–>

    Градоначалникот и неговите соработници денес ќе ги посетат и месните заедници, Чифлик, Робово и Умлена.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...