18.1 C
Pehčevo

    Соопштение за јавноста: Превентивна систематска дезинсекција за уништување на комарците

    Датум:

    Општина Пехчево ја информира јавноста дека на 23.09.2014 година (вторник) во периодот од 00:00 – 02:00 часот ќе се спроведе II – та фаза од терестичко (од земја) третирање против возрасни единки на комарци на територијата на општина Пехчево (Пехчево и околните населени места), односно спроведување на превентивна систематска дезинсекција како општа противепидемиска мерка.

    Активноста е во согласност на Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на Република Македонија, односно Одлуката за усвојување на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територија на општина Пехчево за 2014 година (Сл. гласник на општина Пехчево бр. 07 – 1099/1 од 04.07.2014 година).

    Третирањето ќе биде спроведено од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје.

    Границата на третирање започнува од северо-запад од атарот на с.Чифлик и течението на река Писа во правец на Пехчево, притоа опфаќајќи ги сите зелени површини во градот, сообраќајници, места за одмор, протечни, стоечки води и сл.

    Од градскиот стадион и градските гробишта третирањето ќе продолжи во правец на север, северо-исток кон м.в. ,,Елата,, и с.Негрево.

    Во правец на југ и југо-запад третирањето ќе се спроведе во правец на индустриската зона за мало стопанство, кон месноста ,,Бодовица,, и градската депонија.

    Се известуваат пчеларите од Пехчево и околните места во периодот на третирањето да ги обезбедат своите пчелни кошници заради избегнување на можноста од негативни влијанија, односно безбедноста на пчелните семејства.

    Со информацијата за терестичкото третирање известени се медиумите, здруженијата на пчелари, Здравствен дом Пехчево и други засегнати субјекти.

    Во случај на развој на неповолни временски услови (ветар, дожд и сл.), терестичката дезинсекција се одложува за што ќе следува и соодветно Соопштение до јавноста.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...