-1.3 C
Pehčevo

    Повик до угостителите да бидат дел од Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2015

    Датум:

    Фестивал на дувачки оркестри - Јубилеј
    Општина Пехчево ги повикува угостителите да бидат дел од спектаклот во Пехчево, јубилејниот 5 –ти  Фестивал на дувачки оркестри , Пехчево 2015. За таа цел, Општината ги информира сите заинтересирани угостители од Пехчево и од цела Македонија да поднесат барање за закуп на простор на плоштадот во Пехчево.
    Барањето може да се пополни во локалната самоуправа на пријавницата или барањето може да се симне и од веб- страницата на Општината,www.pehcevo.gov.mk.  Подетални информации можат да се добијат и во Одделението за урбанизам или на тел: 033/441-321.
    Општина Пехчево , како и претходните години, очекува голем интерес од угoстителите, поради самиот факт што за време на овој четиридневен настан, се очекуваат над 50 илјади гости да го посетат Пехчево. Една од целите на фестивалот, покрај афирмација  на дувачките оркестри од земјава, е и да придонесе во промоцијата на Пехчево со сите свои природни убавини како дел од Малешевијата и да стане задолжителна турситичка дестинација во летниот период што од друга страна ќе донесе и добар економски бенефит за локалната економија.

    Фестивалот ќе се одржува од 10 до 13 јули,веќе е договорен настапот на познати македонски естрадни увезди, а за Павловден, кога е и празникот на градот, ќе биде организиран и традиционалниот саем на ракотворби.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...