15.4 C
Pehčevo

    Потпишување на Меморандум за соработка

    Датум:

    Денеска во просториите на Општина Пехчево беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Мрежата за рурален развој на Република с. Македонија со партнерот  ЛАГ Малеш – Пијанец и Општина Пехчево, БИ ГРУП 18 ДООЕЛ, ЈКП Комуналец- Пехчево, Црква Св. Петар и Павле, Организација на жени во Пехчево, Здружение за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“, Здружение Едукативен центар за зачувување на природата, с. Негрево – Пехчево за реализација на проектната иницијатива на територијата на ЛАГ Малеш – Пијанец.

    Меморандумот ги објаснува главните насоки за идна соработка помеѓу партнерите во спроведување на проектната иницјатива „Чистење на речното корито на реката Писа“, поддржано од проектот „Програма за развој на заедницата“ финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој  – УСАИД, а имплементиран од страна на Мрежата за рурален развој на Република с. Македонија. Овој меморандум претставува темел за понатамошна соработка помеѓу засегнатите страни, која ќе се развива врз основа на меѓусебно разбирање, доверба и координација за да се обезбеди што поквалитетна услуга на сите засегнати страни од областа на развој на зедницата.

    Соработката има за цел подобрување на состојбата со животната средина преку иницирање на соработка и активизам на жителите на Општина  Пехчево, која ќе овозможи подобри услови за живот на локалното население.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...