-2.5 C
Pehčevo

    Потпишан договорот за реконструкција на Црнодолски водопад на Туристичката населба Равна река во Пехчево

    Датум:

    Во Пехчево денес беше потпишан договорот за старт на работите од проектот со кој е предвидено партерно уредување со поставување на урбана опрема на пехчевскиoт Црнодолски водопад.

    Договор водопади

     Пехчевскиот градоначалник Драган Тренчовски и директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион Драгица Здравева, го попишаа договорот за реконструкција на Црнодолски водопад, а станува збор за проект кој е одобрен со одлука за финансирање на проекти за планските региони за 2020 година, во вредност од 100 илјади евра.

    Договор водопади1

     -Проектот е со вкупен буџет од 6 милиони и 200 илјади денари од кои еден дел е кофинансирање од страна на општина Пехчево, а останатите средства се обезбедени од националниот буџет преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, рече Здравева.

    -Градоначалникот Тренчовски истакнува дека станува збор за капитална инвестиција со чија реализација ќе се збогати туристичката понуда во Пехчево.

    Договор водопади2

    -За нас ова ќе значи развој на туризмот, стопанска гранка во која во изминатиот период вложивме во пречистителна станица за отпадни води во висина од 300 илјади евра. Изминатиот период  вложувавме во патната и комуналната инфраструктура во целата општина,а сега и во партерно уредување на Равна река со овој договор што е потпишан за Црнодолскиот водопад, рече Тренчовски.

    Додаде дека со овој проект ќе се понудат повеќе содржини за туристите.

    -Во овој проект влегуваат многу содржини меѓу кои изградба на 10 дрвени мостови, 4 видиковци и летниковци со поставување на урбана опрема, клупи и канти за отпадоци, платформа пред водопадот каде ќе имаат можност да се фотографираат самите туристи место за рекреација на најмалите, место за скара и други пропратни содржини, што ќе значи дополнителен инпут за туризмот во нашата општина, додаде Тренчовски.

    По потпишувањето на договорот од општината очекуваат дека фирмата изведувач КОП Инжинеринг во наредните денови ќе го воведе проектот во градба што ќе означи и нов почеток за понатамошен развој на Туристичката населба ,,Равна Река”.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...