17.6 C
Pehčevo

    Посета на градоначалникот од децата од 3то одд.

    Датум:

                 Децата од третто одделение од Општинското Основно Училиште „Ванчо Китанов“ – Пехчево, со наставничката Елизабета Вучковски го посетија Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, за да се запознаат со работата на локалната самоуправа и надлежностите на Градоначалникот. Тие разговараа со Градоначалникот и локалната администрација за тоа кои права и надлежности ги има општината и поставија прашања за работата на Градоначалникот. Исто така ги кажаа своите предлози и желби за реализирање на одредени проекти и активности кои општината може да ги реализира, а се во насока за развој на туризмот, спортот, културата и образованието. Градоначалникот Китански изрази задоволство затоа што општината е посетувана од страна на учениците и им посака многу здравје, весели и среќни денови, да бидат позитивни и добри личности, затоа што општеството ќе биде успешно само ако сите заеднички го градиме и се грижиме за него. Воедно им кажа на дечињата дека општината е отворена за сите граѓани, па исто така и за нив, каде може да дадат свои предлози и идеи за да го направиме нашето градче поубаво место за живеење.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...