0.7 C
Pehčevo

    Почиста и поквалитетна вода ќе добијат граѓаните на Пехчево со покачувањето на цената на водата

    Датум:

    Филтер станица

    Одлуката за покачување на водата ја донесе мнозинството советници со што цената на водата е зголемена за 8,8 денари за метар кубен. Така, наместо 17,6 денари за метар кубен, граѓаните во иднина ќе плаќаат по 26,4 денари.

    Од 2009 цената на водата е непроменета, а од друга страна Пехчево има и најевтина вода за пиење во Македонија.  Сепак, главната причина што треба да се изврши покачување е што во сегашните услови претпријатието ЈКП Комуналец едвај само преживува, а нема никаква можност за рехабилитација на водоводниот систем или изградба на нова водоводна мрежа, што со поскапувањето ќе биде овозможено. За таа цел, ЈКП Комуналец има потреба да ја покачи водата за пиење, што со ова покачување ќе значи чиста и поквалитетна вода за пиење за сите граѓани на општината.

    Иако бактериолошки исправна вода за пиење, во последно време, а особено во периоди на дождови сме сведоци на фактот дека од нашите чешми тече нечиста и заматена вода и при такви услови веќе се јавуваат големи поплавни бранови при што вршат механичко, а веќе и хемиско загадување на водата при што општината е затечена од настаната ситуација. Општината и ЈКП Комуналец со поддршка на УСАИД и Милиеуконтакт започнаа со докомплетирање на филтер станицата и монтирање на регулаторни вентили за да се справи со катастрофата и да го заштити населението од евентуални болести, односно адаптација на филтер станицата од последиците на климатските промени што вклучува опремување на лабораторија и монтирање на регулаторни вентили, додека наскоро ќе започнат и со изградба на нов таложник за прочистување на водата, така што во најскоро време ќе се реши проблемот со нечистата вода за пиење во општина Пехчево.

    -Проблемите со предизвиканата загуба произлегуваат од ниските цени на комуналните услуги за домаќинствата и за претпријатијата. Работиме по цени од 2009 г., кога обемот на работа, обврските и трошоците беа многу помали и во тоа време обезбедуваа некоја проста репродукција во работењето. Јавноста треба да знае дека ние сме единствени, во Источниот регион кои плаќаме најниска цена за водата во регионот (Пехчево 26, Берово 28, Делчево 26, Кочани 41, Пробиштип 30, Штип 35,5) и поради тоа работевме со загуба. Со ова покачување се надеваме барем до некаде да го консолидираме нашето финансиско работење и да вршаме разни зафати за покачување на квалитетот на водата,изјави Ванчо Секуловски, директор на ЈКП „Комуналец„.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...