-1.4 C
Pehčevo

    По 30 години пехчевско Спиково стана село

    Датум:


    Пехчевско Спиково се запиша во картата на населени места во Македонија. Заедно со уште 16 населени места во 12 општини и Спиково, конечно, стана село со што се исполни тридецениската административна борба на иселените спиковци, нивното родно место да биде препознатливо и да има можност за развој.
    Селото некогаш броело и до 500 жители , но денес има напуштени куќи, но и нови кои се градат, бидејќи спокивци планираат да се вратат на родното огниште.
    Но Спиково, ги крие и темелите на стариот манастир кој според легендите е манастирот каде Кирил и Методи ја напишале првата словенска азбука.
    Со Спиково, Пехчево е сега побогато со уште едно село. Спиковци постојано се присутни во родното село. Тие веќе и градат црква во селото посветена на Светецот Илија, а секое лето овде се одржува и познатата Спикијада. Можноста за развој и враќање на стариот сјај на селото сега е во рацете на Општината

    – See more at: http://www.televizijastar.com/index.php/2013-12-12-17-26-39/2013-12-12-17-54-11/item/2014-po-30-godini-pehchevsko-spikovo-stana-selo#sthash.9Sk6FU6O.iGcQ7tEr.dpuf

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...