Почитувани сограѓани,
Јас како градоначалник на општина Пехчево никогаш не ветувам чуда, но ветувам напорна работа. Знаеме дека воопшто не е розово, има многу проблеми и предизвици. Во Пехчево е потребна силна работа и посветеност, а ние тоа го ветивме, го правиме и ќе го правиме. Решивме многу проблеми, но остануваат уште да се решаваат. Ќе продолжиме на патот на реформите, без оглед на тоа колку препреки ни се појавуаат на тој пат.
Она што се создава денес, во иднина ќе бидат видливи резултатите, и јас како градоначалник задно со сите Вас, имаме потенцијал да ги раздвижиме работите и храброст да ги поведеме на подобро.
Со гордо крената глава излегувам со оваа брошура, во која точно се наведени идните проекти односно Проектите кои се во програмата за реализиција во 2014 година.
Со почит,
Градоначалник на општина Пехчево
Игор Поповски