-1.4 C
Pehčevo

    Пехчево започна постапка за донесување на ДУП за „Стара касарна“

    Датум:

    Касарна

    Пехчево започна постапка за донесување на ДУП на „Стара касарна“, со што за овој дел од Пехчево, познат како стара индустриска зона ќе се отвори можност за нови градби и доградби на објекти согласно ГУП, рече градоначалникот на Пехчево Игор Поповски.

    Според Поповски, на овој дел се стари објекти, како што е старата касарна и амбуланта кои се веќе продадени на инвеститори.

    – Донесувањето на ДУП за старата индустриска зона е значајно, бидејќи отвораме можности за заживување на овој дел од Пехчево. Објектот старата амбуланта е купен од инвеститор Фагус Пехчево, кој овде ќе гради дом за стари лица, а ќе се создадат и услови за адаптација и проширување на објектот стара касарна, купена  од истиот инвеститор, кој според сегашните најави, ќе се адаптира и догради во објект наменет за лесна индустрија, рече Поповски, додавајќи дека општината ќе ги направи сите предуслови за инвеститорите да можат да добијат дозвола за градба и како што е најавено, уште во текот на оваа година да започнат со градба.

    Според најавите постапката за донесување на ДУП на стара касарна треба да заврши до крајот на јуни годинава.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...