-2.6 C
Pehčevo

    Отчет за реализираните дела на градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски

    Датум:

    Градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, со свој отчет за сработеното во изминатиов 9 месечен период. Пред граѓаните на Општина Пехчево, Поповски ги презентира активностите во Општината во период Април 2013г. до Јануари 2014г. наведувајќи ги најзначајните реализирани проекти, а од аспект на политиката, декларирана и преточена во мотото на локалните избори ,, Избери дела ’’ во 2013 година, заклучокот е дека добиената доверба од граѓаните е оправдана.

    Граѓаните преку овој отчет на 16-тина страници, ќе се запознаат со најзначајните реализирани проекти во сите области, сите комунални и инфраструктурни проекти реализирани во месните и урбаните заедници, како и проектите во спортот, културата, образованието и останатите општествени сфери во надлежност на општината.

    Меѓу наведените проекти се: изградбата на канализациониот систем во с.Чифлик, реконструкција и доизградба на канализациониот систем во с. Умлена и с. Робово, Адаптација на филтер станицата во Пехчево, Финишираат градежните работи на градскиот плоштад во Пехчево, Изградба на локалниот пат Пехчево – Негрево, Изградба и рехабилитација на локалниот пат кон село Робово, санација и изградба на повеќе улици низ општината, Ново мултинаменско игралиште во Пехчево, Нов изглед на домот на културата ,, Јане Сандански ’’, започна функционирањето на детски јасли во рамки на ОЈУДГ “7-ми Септември” и многу други проекти.

    Во отчетот е потенцирана и одлична соработка со Владата на Република Македонија, со чија поддршка изминатиот период се реализирани бројни проекти во насока на подобрување на условите за живот на граѓаните.

    Отчетот во наредниот период ќе биде дистрибуиран до секое семејство во општината, а сите заинтересирани граѓани електронската верзија на отчетот може да ја видат и на општинската веб-страница www.pehcevo.gov.mk

    otcet_ za oobruvanje1-page-001                                                                                              klik

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...