-2 C
Pehčevo

    Општина Пехчево официјално отпочна со градежните работи за реализација на проектот ,, Воспоставување на Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион во с. Негрево“

    Датум:


    Денес општина Пехчево официјално отпочна со градежните работи за реализација на проектот ,, Воспоставување на Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион во с. Негрево“, кој е подржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија.

    „За нас како општина е значаен проектот како туристичка понуда, но ќе биде дел од картата на потенцијални места за посета на научни екскурзии“ , вели Игор Поповски, градоначланик на општина Пехчево.

    Едукативен центар с.Негрево

    „Основната цел на Едукативниот центар ќе биде да придонесе кон зачувување на природата во Брегалничкиот регион, преку едукација и подигање на јавната свест, како и промоција на одржливото користење на природните ресурси“, изјави Јасминка Пашалиска Андоновска, кординатор на Програмата.
    Изборот на локацијата позициониран во старата училишна зграда во село Негрево е направен врз основа на анализа, а со цел да овозможи непосреден пристап на посетителите до природата и од област со спесифични природни вредности.

    За потребите на центарот општина веќе инвестира во пристапни патишта во Негрево.
    „Ние како општина се обврзавме да направиме два пата. Едниот е во должина од 400 метри, а другиот е со камен во должина од 180 метри“ , додаде градоначалникот Поповски.

    Во првата фаза објектот ќе биде реконструиран и функионално прилагоден на потребите на Центарот, со уредување и на дворното место околу објектот, со финансиска подршка од околу 150 илјади Швајцарки франци. Во втората фаза од проектот Едукативен центар за зачувување на природата ќе биде целосно опремен за негово функционирање од страна на донаторот со опрема во вредност од околу 50 000 Швајцарки франци.

    Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево ќе воспостави соработка со регионалните основи и средни училишта за користење на истиот како ресурс за еднодневна наставна екскурзија, ќе воспостави соработка со Универзитетот ,, Гоце Делчев “ од Штип за користењ на центарот за конференции, предавања и научни собири што се однесуваат на природата, нејзиното зачувување и подобрување на односот на човекот кон природата. Покрај овие активности Едукативниот центар ќе реализира уште многу други се со цел да ја збогати својата понуда и да ги промовира природните убавини на Брегалничкиот регион.

    Програмата за зачувување на природата во Македонија е креирана со цел да и помогне на Република Македонија во зачувување на големата биолошка разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо користење и управување.
    Активностите се реализираат на три нивоа: национално, регионално и локално. Во реализација на Програмата се применуваат холистички, партиципативен и системски пристап и има за цел да созаде поврзаност меѓу зачувувањето на природата и одржливиот развој.

    Програмата за зачувување во Македонија е финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Координатор на Програмата во Р.Македонија е Фармахем, во партнерство со Швајцарската организација Helvetas Swiss Intercooperation.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...