4.3 C
Pehčevo

    Општина Пехчево ќе изработува Стратегија за климатски промени

    Датум:

    Милеуконтакт – Македонија со поддршка на УСАИД го реализираат проектот за поддршка на процесот за изработка на општински стратегии за климатски промени во Република Македонија.

    Милеуконтакт - Македонија со поддршка на УСАИД го реализираат проектот за поддршка на процесот за изработка на општински стратегии за климатски промени во Република Македонија.

    Општина Пехчево е една од селектираните 8 општини кои со помош на програмата ќе добијат стратегија за климатски промени. Процесот на локално ниво е инициран партнерски меѓу Здружението Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија – Пехчево и општина Пехчево, а во изработката активно ќе бидат вклучени сите заинтересирани страни на локално ниво.

    Во салата за состаноци во општина Пехчево беше оддржан првиот состанок на кој од страна на претставниците на Милеуконтакт – Македонија беше презентиран концептот на изработка на стратегијата за климатски промени со примена на принципот на Зелена агенда.

    Зелена агенда е партиципативен и демократски метод за развивање и имплементирање на локални стратегии и планови за одржлив развој со активно вклучување на различни сектори од локалната заедница каде процесот се спроведува. Процесот е уникатен и посебен во споредба со другите процеси кои имаат слични цели од три аспекти:

    1. Процесот започнува со идентификувањето на локалните вредности наместо на проблемите;

    2. Учеството во процесот не е ограничено само на експерти и одредени чинители, туку тоа е сеопфатен процес кој е отворен за сите;

    3. Самиот процес е резултат, а како и резултатите кои произлегуваат од него се придобивка за локалното население.

    Следна активност е дефинирање на капацитетите на заедницата преку SWOT анализа, која ќе биде организирана на 18.04.2013 година ( Четврток ), во салата за состаноци на општина Пехчево.

    Милеуконтакт - Македонија со поддршка на УСАИД го реализираат проектот за поддршка на процесот за изработка на општински стратегии за климатски промени во Република Македонија.

    Милеуконтакт - Македонија со поддршка на УСАИД го реализираат проектот за поддршка на процесот за изработка на општински стратегии за климатски промени во Република Македонија.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...