1.4 C
Pehčevo

    Општина Пехчево и општина Берово реализираат градежни активности за тампонирање на полскиот пат помеѓу населените места с.Робово и с.Мачево

    Датум:

    полски пат3Градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски и Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски беа во работна посета на локацијата каде се во тек градежните работи за тампонирање на полскиот пат помеѓу с.Робово, општина Пехчево и с.Мачево, општина Берово.

    Проектната активност за тампонирање на полскиот пат с.Робово – с.Мачево подразбира тампонирање на постоечки земјен полски пат помегу двете населени места со што ќе се олесни пристапот на земјоделците до обработливите површини, односно се врши порамнување на подтлото на патот, насипување, валирање и тампонирање со кршен камен на пат со должина од 1.200 м. и ширина од 3,5 м.За одведување на водите од околните ниви и канали предвидени се 3 пропусти преку полскиот пат.

    Подобрувањето на патната инфраструктура и во тој дел подобрувањето на полските патишта е исклучително важно за руралниот развој и за земјоделците бидејќи овозможува полесен, побезбеден и побрз пристап  до земјоделските површини.

    полски пат2

    Тампонирањето на полскиот пат с.Робово – с.Мачево е проект кој се реализира во рамки на Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно е дел од проектот “Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачја со земјоделска дејност и обработлива површина во Источен плански регион” на Центарот за развој на Источен плански регион”.

    полски пат1Канцеларија за локален економски развој

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...