0.9 C
Pehčevo

    Општина Пехчево ги отвори вратите за сите граѓани на општината

    Датум:

    Зграда на општина Пехчево

    Општина Пехчево, во рамките на своите заложби за активно учество на граѓаните во креирањето и реализацијата на визиите за развој на локалната самоуправа, од денес па до петок организира Отворени денови на идеи.

    Поради големата заинтересираност од страна на граѓаните, општина Пехчево денеска ги отвори вратите за граѓаните. Повеќе заинтересирани граѓани зачекорија на црвениот тепих и ја посетија Општина Пехчево на Отворените денови за граѓани.

    Покрај љубопитноста за изгледот на просториите до општинските функционери се упатија прашања за процедурите на носење одлуки од сите области.

    На присутните им беша претставени проектите во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот. Општина Пехчево и понатаму продолжува со реализирање на овој проект.

    Целта да се организира Отворени денови на општината и денови на идеи е граѓаните преку изнесување на своите идеи, предлози, мерки и проекти од сите сфери кои се во надлежност на локалната самоуправа да дадат свој придонес во континуираните активности на општината и јавните претпријатија насочени кон создавање подобри услови за живот во сите сфери на општественото живеење. Граѓаните исто така  ќе можат да побараат одговор на прашања кои се од нивни интерес, да ги изнесат своите проблеми и да бараат решение за истите.

    Ден на идеи

    Ден на идеи

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...