-0.7 C
Pehčevo

    Општина Пехчево доби средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година

    Датум:

    договор рамномерен развојГрадоначалникот Драган Тренчовски потпиша два договори со кои општина Пехчево обезбеди финансиски средства за два проекти кои ќе се реализираат во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година.

    Министерството за локална самопуправа преку Бирото за регионален развој на општина Пехчево во рамки на Програмата за проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби и додели  средства за изработка на техничка документација за изградба на локални улици во селата Чифлик, Црник, Умлена и Робово со вкупна должина од 3,56 Км.Исто така, во рамки на Програмата за развој на селата, општината обезбеди средства за изработка на техничка документација за изградба на локален пат од Пехчево до с.Спиково и врска со локалниот пат кон туристичката населба “Равна Река” во месноста “Конар” со вкупна должина од 6,92 Км.

    Со реализацијата на овие два проекти, општина Пехчево во голема мерка ќе го надмине недостатокот на техничка документација, односно ќе бидат проектирани сите локални улици во селата Чифлик, Црник, Умлена и Робово, како нужен предуслов за реална изградба на патната инфраструктура во тие селски населби, односно за првпат општина Пехчево ќе инвестира во подобрување на поврзаноста на градот Пехчево со с.Спиково и м.в “Конар” во насока на поддршка на туризмот и земјоделските стопанства во тој дел на општината.

    договор рамномерен развој1

    Техничката документација ќе биде изработена до крајот на Ноември 2019 година.

    Подобрувањето на патната инфраструктура е еден од главните фокуси во работата на општина Пехчево во контекст на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и креирањето на услови за економски раст и развој.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...